Општи правила и услови за огласување
Правила за огласување
Огласување за физички лица
Секое физичко лице има право на објавување на свој оглас на Adresa.mk. Огласот може да се поднесе како оглас од физичко лице само ако тоа лице ја превзема одговорноста и има право да склучува договори за купување и продавање на предмети според правилата на Организацијата за заштита на потрошувачи и позитивните законски прописи во Р.Македонија.
Adresa.mk го задржува правото да одлучи кога огласот е класифициран како оглас на физичко лице.
Огласување за претпријатија
Секое претпријатие, регистрирано како даночен обврзник во Р.Македонија или надвор од неа, има право на објавување на свој оглас на Adresa.mk. Adresa.mk го задржува правото да одлучи кога огласот е класифициран како оглас на претпријатие. Според Законот за забрана на нерегистрирана дејност, член 8: При нарачувањето на оглас, нарачателот е должен да достави податоци за идентификација: тековна состојба од Централниот Регистар за регистрација на соодветната дејност или документ за регистрирана дејност, односно доказ за упис во соодветен регистар на дејност за физички лица. (2) Се забранува објавувањето на оглас доколку нарачателот не достави податоци за идентификација согласно со ставот (1) на овој член. Овие одредби не се применуваат на продажба на лични користени предмети од страна на физички лица.
Услуги
Објавените услуги мораат да бидат во согласност со позитивните законски прописи и регулативите за соодветната дејност во Македонија.
Категоризација
Вашиот оглас треба да биде ставен во категоријата која најдобро го опишува Вашиот производ/услуга. При изборот на категорија, имајте во предвид:
- Вашиот оглас ќе биде одбиен ако не е во соодветната категорија.
- Забрането е огласување на предмети од повеќе категории во еден оглас. Потребно е да ги разделите според соодветните категории.
- Предметите кои се огласуваат мораат да бидат во соодветниот тип на оглас. Типот на оглас опишува дали предметот се продава, издава или се бара за изнајмување.
- "Се изнајмува" како тип на оглас е достапна во одредени категории. Ако оваа опција не е достапна, предметите кои се за изнајмување треба да се стават како тип на оглас "Се продава", а предметите кои се бараат за изнајмување треба да се стават како тип на оглас "Се купува".
Ограничувања кои се однесуваат на категориите: возила и недвижности
Не е дозволено да внесувате повеќе од едно возило/недвижност во еден оглас. Администраторите имаат право да ги избришат останатите возила/недвижности.
Огласи - Дупликати
Не е дозволено да објавувате повеќе од еден оглас за ист производ или услуга. Огласите со иста содржина се сметаат за дупликати и ќе бидат избришани.
Линкови и препораки
Не е дозволено да ставите линкови или препораки кои водат до друга веб-страница за огласување или веб-страница за аукција. Линковите се дозволени само ако се однесуваат на спецификациите на производот или услугата која ја огласувате.
Adresa.mk не ги поддржува ставовите и гледиштата објавени на страниците до кои водат линковите.
Слики и видео клипови
Правила за прикачување на слики и видео:
- Треба да бидат во согласност со производот или услугата која ја огласувате.
- Не е дозволено да се користат истовремено во повеќе од еден оглас. Ако огласувате возило, сликите и видеото мора да бидат од тоа возило.
- Сликите не смеат да содржат лого на компании, имиња на компании, веб-страници или друга информација која може да се толкува како бизнис маркетинг.
- Не е дозволено да се преземаат слики и видео клипови од други огласи без дозвола од огласувачот.
- Не е дозволено да се користат слики или видео клипови кои содржат материјал со авторски права, како што се заштитена музика, снимки од филмови, или друг заштитен материјал.
Adresa.mk го задржува правото да ги отстрани сликите/видеата од огласот ако ги прекршуваат Правилата.
Нелегални производи и услуги
Adresa.mk има одредени забрани за тоа кои стоки и услуги не смеат да се огласуваат. Производите или услугите кои се дефинирани како нелегални според Законите и прописите во Р.Македонија нема да бидат објавени.
Материјал со авторски права и права на интелектуална сопственост
Не е дозволено да се огласуваат копии на брендови (CD/DVD, софтвери за компјутери, компјутерски и видео игри, филмови). Огласувачот мора да докаже дека се работи за оригинален производ.
Оружје
Според Законот за оружје во Македонија, потребна е дозвола за поседување оружје. Легитимниот сопственик на оружјето мора да наведе во текстот на огласот дека е потребна дозвола за поседување на оружјето. (Закон за оружје, Сл.весник бр.7/05, Чл.5)
Навредлива содржина
Огласот се смета за навредлив ако:
- Има навредлива содржина упатена кон етнички групи, физички лица или јавни лица.
- Се споменуваат историски имиња или имиња на етнички групи.
- Има слики и видео со навредлива содржина.
Одговорност
Adresa.mk не ја сноси одговорноста за потеклото на производот/услугата која е предмет на огласување. Продавачите и купувачите самите ја сносат одговорноста.
Нереални понуди
Adresa.mk го задржува правото да одбие огласи кои содржат нереални понуди.
Заштитен знак
Сите слики и видеа на Adresa.mk се објавуваат со заштитен знак на Adresa.mk. Ова е со цел да се спречи нивна употреба во друг контекст.
Општи услови
Авторски права
Сите содржини на оваа веб-страница, како текст, слики, лого, икони, дигитални превземања и софтвер, се во сопственост на ADRESA.MK ДООЕЛ и секоја употреба на истите за иста или слична дејност се казнува со Закон.
Политика за приватност
Лични информации
Лични податоци се податоци кои идентификуваат краен корисник. Некои од Вашите лични податоци ќе бидат потребни при регистрирање на огласи и креирање на Adresa.mk сметки. Adresa.mk не одговара за точноста на внесените информации. Adresa.mk внесените податоци ги користи исклучиво за целите за кои што се внесени. Доколку не дадете согласност за користење на Вашите податоци за промотивни активности, истите нема да бидат користени за таа цел. Adresa.mk не ги споделува податоците со трети страни, не ги пренесува на трети страни и ги чува безбедно, користејќи ги исклучиво за намената за која се внесени.
Податоци за огласувач
Ако сте лице кое огласува/огласувач, податоците потребни за внесување на оглас се:
- Име - Информации за идентификација.
- Електронска пошта - Комуникација поврзана со огласот.
- Телефонски број - Контакт за потврдување на огласот.
Права на корисниците
Корисниците имаат право да бараат информација за обработката на лични податоци, право на пристап, исправка или бришење на податоците, како и право на приговор. За овие права контактирајте го Adresa.mk офицерот за заштита на лични податоци.
Adresa.mk и МВР
Adresa.mk ќе соработува со полицијата и други овластени органи за откривање на нелегални активности. Личните податоци на огласувачот ќе бидат откриени само на барање на надлежните органи.
Електронска пошта
Внесувањето на електронска пошта не е задолжително за регистрација на оглас, но ако го внесете, таа ќе се користи за комуникација поврзана со Вашиот оглас.
Заштита на податоци
Adresa.mk применува безбедносни мерки за заштита на личните податоци и користи HTTPS протокол и SSL технологија за безбедни трансакции.
Cookies/ Технологија на следење
Adresa.mk користи cookies за следење на уникатни посети и за подобрување на корисничкото искуство. Cookies-ите се анонимни и не содржат лични податоци.
Промени во Политиката за приватност
Adresa.mk го задржува правото да ги менува правилата за приватност и/или условите за користење по своја дискреција. Промените ќе стапат на сила со објавувањето на веб-страницата.
Контакт со тимот на Adresa.mk:
Adresa.mk ДООЕЛ
ул. Таше Милошевски бр. 6
7310 Ресен
ЕДБ 4024009501321
Тел: +389 (0) 47 55 11 66
Email: Contact@adresa.mk
Top of Form
Bottom of Form